Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека , среда 20.10.2021 година прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Свети Кирил и Методиј” и „Димитрие Чуповски”.
Како што соопштува ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради промена на затварач на ул. „Свети Кирил и Методиј” бр.48.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.