Слуга на народот ќе се емитува на Канал 5, Нетфликс и Глеј

Комичната ТВ-серија со која Володимир Зеленски се прослави пред да стане претседател на Украина ќе се прикажува на ‘‘Канал 5‘‘,  ‘‘Нетфликс“ и на Глеј.

Во САД. „Слуга на народот“ имаше три сезони од 2015 до 2019 и беше хит во Украина, а интересот за неа повторно порасна откако Зеленски стана лицето на нацијата кое ѝ пркоси на руската инвазија.

„Слуга на народот“ ја раскажува приказната за еден учител, игран од Зеленски, кој неочекувано станува претседател откако неговите галамења и критики против корупцијата станале вирални на социјалните мрежи. По три сезони од шоуто, Зеленски реши и вистински да се кандидира за претседател. За тоа тој формираше партија која го носи истото име – „Слуга на народот“.

Директорот на ТВ Канал 5, Иван Мирчевски ја најави серијата дека ќе се емитува од понеделник.

 

Треба да знаете
Последни објави