Американскиот кошаркар Џарен Џексон (22) го продолжи договорот со НБА лигашот Мемфис за четири години, чија вредност е 105 милиони долари.
Џексон беше четврти избор на драфтот во 2018 година, а во трите сезони во дресот на Мемфис имаше просек од 15.4 поени, 4.7 скокови и 1.5 блокади.
Минатата сезона поради повреда на коленото одигра само 11 натпревари во регуларниот дел од сезоната и пет во првиот круг од разигрувањето против Јута со просек од 13.6 поени.