Оваа недела се очекува американските регулатори да одобрат мешање на вакцините против ковид за засилувачка доза, во обид да обезбедат флексибилност за оние кои сакаат да ја задржат заштитата од коронавирусот.
Соопштението на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) најверојатно ќе биде издадено истовремено кога ќе се даде одобрение за засилувачка доза на вакцините „Модерна” и „Џонсон и Џонсон”. ФДУ минатиот месец ја одобри третата доза на вакцината „Фајзер” за многу Американци.
Се очекува ФДУ да каже, особено за вакцините со РНК информатичка технологија, Фајзер и Модерна, кои се покажаа како многу ефикасни против вирусот, дека и натаму ќе се сметаат за попожелна опција, односно да не се менуваат вакцините. Агенцијата се уште ги одредува упатствата за вакцината „Џонсон и Џонсон” со една доза.
Дозволувањето на мешање на вакцината може да ги ублажи проблемите со снабдувањето и да добие засилувачи, како и да им овозможи на луѓето кои можеби имале негативни реакции на првите дози да пробаат друга вакцина.
Овој потег следи откако Соединетите Американски Држави изјавија дека ќе го признаат мешањето на вакцините дадени во странство за влез во САД, како што веќе се прави во Канада и некои европски земји.