Почитувани,
Најпрво сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои го заокружија бројот 12 и ја дадоа својата поддршка за „Најдоброто за Охрид“. Секој глас за мене претставува огромна доверба и е моја основна сила и поттик за уште една голема демократска борба, која ни следува на 31-ви октомври. Вториот круг на локалните избори го гледам како еден нов почеток и моја втора шанса, да продолжиме заедно на патот кон просперитетна иднина за нашиот Охрид.
Овие два дена преку анализа и реални показатели ги воочив пропустите и ги согледав причините за послабиот резултат во одредени урбани и рурални средини. Пораката од граѓаните е јасна и затоа веќе започнавме интензивна теренска кампања за да стигнеме до секој дом и до секој жител.
Потребно е да ги слушнеме сите проблеми, предлози и потреби, затоа што до сега покажавме дека сме посветени на сите подеднакво, преку чесна и одговорна работа.
Во животот се имам соочено со многу потешки ситуации и многу поголеми битки од оваа сега, но јас сум човек што никогаш не се откажува. Ќе го вложам целиот свој професионален и личен капацитет
Охрид да остане на вистинскиот пат. Но ми треба вашата поддршка мои охриѓани, ми треба вашата цврста определба за подобра иднина.
Мораме да застанеме заедно на браникот на вистинските вредности и да не им дозволиме да го сопрат започнатиот развој на градот и да ги ставиме во ризик сите резултати кои ги постигнавме.
Охрид не заслужува да се врати во рацете на политичари кои ќе работат по диктат на Белата палата, Мицкоски и Груевски, кои немаат кредибилитет и на кои им е важен само интересот на партијата. Охрид мора да продолжи да оди НАПРЕД, со најдобра визија и кадровски потенцијал. Охрид го заслужува најдоброто!
Преку посветена, искрена и чесна работа, за само 2,5 години успеав да реализирам многу важни проекти и да донесам многу важни одлуки за Охрид. Затоа цврсто ви ветувам дека продолжуваме напред со нови проекти кои се очекувани и потребни.
Шансите се реални и остварливи, затоа ве повикувам да останеме обединети и сплотени во борбата за нашиот Охрид. Да не се откажуваме и да покажеме дека заедно можеме да донесеме вистински одлуки од кои зависи иднината на нашите деца и внуци. Почитувани граѓани убедени сме дека заедно можеме да бидеме и посилни и поодлучни. Ајде заедно да покажеме дека можеме да се одлучиме за најдобрите политики и најдобрите мерки за развој.
Ајде заедно да донесеме уште една голема ПОБЕДА за Охрид!