Роберто Кавали на 82 години стана татко шести пат.
Италијанскиот моден дизајнер, чие богатство е проценето на 500 милиони долари, има пет деца од два претходни брака, а последното дете го доби со својата девојка Сандра Нилсон (38), поранешна манекенка и плејбој-зајчица.
Во интервју за италијанскиот госип-магазин „Новела 2000“, тој му кажа на новинарот дека е пресреќен што има уште едно дете и дека момчето го добило името Џорџо во знак на почит на татко му кого нацистите го застрелале пред крајот на Втората светска војна.
„Сандра е добро, а бебето што се роди пред една недела токму овде во Фиренца е прекрасно. Беше навистина емотивно да го видам синот веднаш по раѓањето“.
„Неговото име е Џорџо, како и на дедо му, мојот татко… кого нацистите го застрелаа во масакрот во Кавриља кога имав четири години“.
Кавали и поранешната шведска манекенка се во врска од 2014 година, а ова е нивно прво дете.