Натали Портман отмена во црвено

Натали Портман блесна во црвено на светската премиера на „Пачинко“ што се одржа во музејот на филмската академија во Лос Анџелес. 40-годишната актерка ги предводеше ѕвездите, вклучително и Јун Ју-јунг и Џими Симпсон на настанот во Лос Анџелес во средата. Музата на „Диор“ едноствано изгледа волшебно.

„Пачинко“ е лимитирана серија базирана на истоимениот роман на Мин Чин Ли, трагична приказна за припадноста и интегритетот, за надежта да се преживее и да се напредува пред рамнодушната историја. Книгата имаше одлични рецензии. „Магазинот „Пипл“ ја нарече ремек-дело, моќна приказна за издржливоста. „Проблемите со кои се соочуваат имигрантите вознемируваат, но приказната е онаа која плени“. Во фокусот се четири генерации на корејско имигрантско семејство, кои одат по својот пат од Кореја до Јапонија, а потоа и во Америка.Серијата треба да се појави на „Епл ТВ плус“ на 25 март, а главната улога ја игра оскаровката Јун Ју-јунг.

Треба да знаете
Последни објави