По завршувањето на првиот круг од локалните избори, Партијата за движење на Турците (ТХП), со иста посветеност продолжува со изборните активности за вториот круг.
Како единствена прогресивна партија на турската заедница во Република Северна Македонија, остануваме доследни на нашите политички определби, кои се втемелат на демократските вредности и принципи. Здравата иднина на нашата земја, како и општата благосостојба на граѓаните секогаш биле и ќе останат приоритет на ТХП. А со таа цел, без никакви калкулации, остануваме дел од владиното мнозинство и веруваме дека со повеќе напори ќе успееме да ги коригираме недостатоците и ќе ги оправдаме очекувањата на граѓаните.
Партија за движење на Турците