„Фајзер“: Ефикасноста на третата доза од вакцината е 95,6%

Компанијата „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ денеска објавија дека податоците од испитувањата од трета фаза покажале висока ефикасност на третата доза на нивната вакцина против Ковид-19, дури и против делта варијантата.

Тие наведуваат дека студијата направена на 10.000 испитаници на возраст од 16 или повеќе години, покажала 95,6 проценти ефикасност во борбата против коронавирусот, во период кога преовладува делта сојот.

„Фајзер“ посочува дека ефективноста на нивната вакцина која се деава во две дози опаѓа со текот на времето, повикувајќи се на студија која покажала 84 проценти ефикасност, од максимални 96 проценти, четири месеци по примањето на втората доза.

Некои земји веќе започнаа со планови за давање трета доза.

Компаниите изјавија дека средното време помеѓу примањето на втора и трета доза или плацебо, во студијата било околу 11 месеци, додавајќи дека имало само пет случаи на заболување со Ковид-19 во групата на трета доза, во споредба со 109 случаи во групата која примала плацебо.

„Овие резултати даваат дополнителен доказ за придобивките од третата доза, бидејќи сакаме да ги заштитиме луѓето од оваа болест“, рече извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.

Треба да знаете
Последни објави