Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека лишувањето од правото на вето на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе го уништи тоа светско тело.
Русија е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН која има право на вето.
Како што пренесуваат странските агенции, постојаните членки со години се соочуваат со притисок да ја реформираат организацијата за да ги земат предвид промените во светската демографија и економијата од нејзиното формирање по Втората светска војна.
Сепак, Путин на состанокот со руските експерти рече дека укинувањето на правото на вето ќе ја сведе светската организација „на место за празна приказна”.