Десетици поранешни стјуардеси од веќе згаснатиот италијански авиопревозник „Алиталиа“ ги соблекоа униформите, облечени само во долна облека во знак на протест во центарот на Рим, пренесуваат „ABC“.
Околу 50 поранешни стјуардеси стоеја на Римскиот плоштад, прво ги фрлија торбите на калдрмата, потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа палтата, потоа униформите, па здолништата и високите потпетици.
Останаа боси, само во долна облека, во тишина, неколку минути. Потоа внимателно ги собраа алиштата и чевлите и заедно извикуваа: „Ние сме Алиталија!“
Долго време, италијанската авиокомпанија беше со финансиски проблеми и нестабилност, а последниот лет беше изведен на 14 октомври. Новата авиокомпанија ИТА почна да лета следниот ден, користејќи некои од авионите на „Алиталиа“. Го купи и брендот „Алиталиа“, но презема помалку од 3.000 од 10.000 вработени во „Алиталиа“.
Официјални претставници на синдикатот велат дека оние што ќе работат за ИТА се вработени со значително помали плати.
Лидерите на синдикатите вршат притисок врз владата да ги продолжи надоместоците за невработеност дури пет години.