Хрватскиот актер Жарко Поточњак утрово почина на 76-годишна возраст, соопштија од Здружението на актери Хистрион, каде што актерот е еден од основачите.
Жарко Поточњак е роден во 1946 година во Пакрач.
Дипломирал на Академијата за театарска и филмска уметност во 1972 година, а за време на студиите ја имал својата прва професионална улога во филмот „Собирање храброст“ во режија на Едуард Галиќ. Првиот театарски аранжман го доби во Загребската комедија, каде глумеше во мјузикли и рок опери. Потоа, 18 години бил актер во Загребскиот градски драмски театар Гавела.
Тој глумел во околу 30 телевизиски серии. Снимил 25 играни филмови, а во 10 од нив ја имал главната улога. Глумел во околу 30 ТВ серии, меѓу другите, во Долгата темна ноќ, во познатата југословенска серија Глембаеви, Вуковар се враќа дома, Трешети, Почиваат во мир, Засекогаш соседи и многу други.