Француската фудбалска лига (ЛФП) планира дерби натпреварот од 23. коло меѓу Монако и Лион, закажан за 5 февруари идната година. да се одигра во Кина доколку добие дозвола за тоа од Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).
Двете екипи дале согласност да го одиграат натпреварот во Кина, што доколку се реализира би било прв случај официјален дуел од европските национални лиги да се одржи на друг континент.
Француската лига со овој чекор настојува да се пробие на меѓународниот пазар, бидејќи приходите од нејзините меѓународни телевизиски права и натаму се многу ниски во споредба со другите големи европски лиги.
За реализација на проектот, сепак, ќе биде потребна согласност од ФИФА, која претходно не и даде „зелено светло” на шпанската Ла Лига во намерата да пресели два прволигашки натпревари во Мајами.