Во одговор на новинарско прашање за Канал 5 телевизија, Данела Арсовска му даде поддршка на Стевчо Јакимовски, и побара од него поддршка за вториот круг: „Поддржувам се она кое што е напредно, кое што е за подобра иднина на градот, и за подобра иднина на општините. И верувам дека сите луѓе кои што имаат коалициски капацитети и луѓе кои што имаат визија за подобро утре, треба меѓусебно да си бидат поддршка. Затоа верувам и дека господинот Јакимовски, исто како и мене, ќе ги повика сите граѓани на неговата општина, а јас еве ги повикувам сите скопјани, без разлика на поделби, без разлика на политичка определба, да ме поддржат во оваа моја трка за градоначалник на градот Скопје.“
Еден од најголемите парадокси на локалните избори 2021 е во Карпош, општината каде што живее и гласа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ не се пласираше во втор круг во општината каде што живее Христијан Мицкоски, ама затоа Арсовска освои најмногу гласови токму поради поддршката на Јакимовски.
Иако ВМРО-ДПМНЕ излезе со свој кандидат за градоначалник на Карпош, тој не се пласираше во втор круг затоа што освои 281 глас помалку од Стевчо Јакимовски.
Тоа што партискиот кандидат не им се пласираше во втор круг на локални избори воопшто не се доживува како неуспех во ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не го криеше своето задоволство од резултатите во Карпош, а Влатко Ѓорчев вечерта по изборите изјави дури и дека „Во Карпош одиме во втор круг, каде ќе имаме апсолутна победа во втор“.
Но, како е можно кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да не се пласира во втор круг во Карпош, и нивниот кандидат да освои само 6.560 гласови, кога ВМРО-ДПМНЕ има 8.030 гласови на листата на совет на општината? Тоа е единствено можно само ако постои дил меѓу Мицкоски и неговиот комшија од Влае Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ да гласа за Стевчо Јакимовски во Карпош, а за возврат гласовите на ГРОМ на советничката листа (2.689) да одат на контото на „независната“ Арсовска.
Токму благодарение на ваквиот „дил“ со кој беа изманипулирани Карпошани, Данела Арсовска има освоено 10.908 гласа во Карпош, 2878 гласа повеќе отколу ВМРО-ДПМНЕ на советничката листа – што приближно е збир на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ.
Бројките покажуваат математички прецизно дека Данела Арсовска веќе ја имала поддршката од Стевчо Јакимовски уште во првиот круг од изборите, и дека барањето поддршка од Јакимовски за вториот круг на изборите е маркетиншки трик и манипулација на јавноста.