Во силно невреме што денеска ја зафати Москва, пропратено со дожд и град, се урна дел од ѕидот на Кремљ.
Како што пренесуваат локалните медиуми, силниот ветер уриваше дрвја, расфрлаше канти за ѓубре по улиците и предизвика хаос во градот. Градските власти ги предупредија жителите да останат во затворени простории, доколку е можно, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја.
Од ураганскиот налет не издржаа ниту скелињата поставени на ѕидовите на Кремљ. Ветрот ги урна скелињата на Црвениот плоштад, при што се оштетени дел од ѕидовите.
Strong wind in Moscow blow off parts of roof at Kremlin's wall pic.twitter.com/mZKrmFFVjZ
— Liveuamap (@Liveuamap) October 22, 2021
– Во тек се работите на реставрација на делот од ѕидот од кулата Спаска, кои беа прекинати поради силниот ветер, изјави началникот на секторот на Федералната служба за безбедност, Денис Симонов, истакнувајќи дека притоа никој не е повреден.
Приодите кон Црвениот плоштад сега се затворени од сите соседни улици, пренесува ТАСС. Властите соопштија дека плоштадот беше затворен поради уривањето.Ова не е првпат ветер да го оштети московски Кремљ.
And here is a full video of winds destroying scaffolding at the wall pic.twitter.com/gtGXJbcPxN
— Liveuamap (@Liveuamap) October 22, 2021
Во јуни 1998 година беа паднати околу 200 дрвја и оштетени неколку ѕидни огради, а во април 2018 година делумно беше отстранет покривот од палатата на Сенатот.
Реновирањето на ѕидот на Кремљ, кој се состои од 20 кули, а бил изграден од италијански архитекти на крајот на 15 век, трае веќе неколку години.
Multiple merlons partially damaged pic.twitter.com/vlYzotRzDV
— Liveuamap (@Liveuamap) October 22, 2021