Герасимовски: Уверен сум дека во вториот круг ќе ни се приклучат и незадоволните членови и подджувачи

-Гледајќи ги самите резултати, самиот изборен циклус, треба да пофалиме дека имавме многу демократски, еден од најдемократските изборни процеси посебно во Општина Центар, кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Герасимовски, во гостувањето на Канал 5 телевизија. Тој додаде дека се поминало во најдобар ред, но дека постојат две причини зошто резултатите не довеле до подобар исход за партијата.

-Прва причина би ја наброил – голем дел од гласачите гласаа за помалите политички партии како и за независните листи, што е за поздравување. Центар е лулка на демократија затоа што има луѓе што размислуваат различно, рече Герасимовски.

Тој нагласи дека е добро и здраво за демократијата што постои различно мислење кај граѓаните.

-Втората причина зашто се овие резултати е поради тоа што имаше одреден број на незадоволни наши членови, симпатизери и гласачи кои за жал не излегоа во првиот круг поради одредени локални и централни политики. Затоа сум јас тука како ново лице, нов кандидат да спроведам што подобри политики заедно со граѓаните во интерес на сите нас центарци, за Центар да биде најубава општина и пример за сите останати во Скопје, рече Герасимовски.

Тој додаде дека е убеден дека со неговата програма и чесна и посветена работа општина Центар ќе стане пример за работа за сите останати општини во градот Скопје и државата.

-Уверен сум и сметам дека во вториот круг ќе ни се приклучат и независните и незадоволните членови, бидејќи мојата програма нуди решенија за сите проблеми. Чесно и одговорно заедно со граѓаните ќе ги решаваме сите проблеми со кои се соочуваме. Сметам дека во вториот круг одам како фаворит и ќе бидам победник, кажа Герасимовски.

Тој додаде дека е добро за демократското општество што општина Центар доби шаренолик совет бидејќи така ќе има повеќе различни мислења.

-Така ќе се носат квалитетни одлуки и преку повеќе дебати ќе бараме подобри и поквалитетни решенија за самите проекти и програми на центарци. Како иден градоначалник ќе имам можност заедно со различните партии и советници да носиме што поквалитетни одлуки за граѓаните на Центар, кажа Герасимовски.

 

 

 

Тој изрази увереност дека во вториот круг ќе се приклучат и незадоволните членови поради тоа што неговата програма изминативе три недели е целосно презентирана, нуди решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и вети дека чесно и одговорно заедно со граѓаните ќе се решаваат сите проблеми.

Треба да знаете
Последни објави