Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија, кажа дека владејачката партија во вториот круг влегува со предност во 25 општини и дека е уверен во обединувањето на сите прогресивни граѓани во земјава. Според Маричиќ, тоа што се случува на терен изминативе денови е промена во расположението кои граѓани, кои во вториот круг ќе ја поддржат СДСМ.
„Повеќе пати кажавме дека резултатите од првиот не се во рамките на нашите очекувања, но работата е далеку од лоша или изгубена како што спомена од опозицијата. Ние имаме водство во 25 општини за вториот круг, имам веќе освоено 9 градоначалнички места. Веруваме дека од овие денови работите на терен се менуваат, пораката е прифатена. Работиме на максимална мобилизација на членството и симпатизерите на нашата партија, но и на сите слободоумни граѓани. На сите им е јасно дека е многу важно сега во вториот круг секој да излезе и да даде поддршка на прогресивната сила, на прогресивната коалиција, на коалицијата која се обединува да не застанеме тука и да не се враќаме назад”, потенцираше Маричиќ.
Според него, раководството за партијата е секој ден меѓу граѓаните и дека разговараат и за грешките и за тоа што може да се направи во наредниот период. Маричиќ кажа и дека е очигледно дека повторно е воспоставена конекцијата и комуникацијата со граѓаните.