Хрватскиот пеач Мишо Ковач (80) е хоспитализиран поради респираторни проблеми кои не биле предизвикани од коронавирусот.
Мишо е во стабилна состојба и се чувствувал добро, а за неколку дена ќе биде пуштен на домашно лекување.
Мишо имаше респираторни проблеми кои не беа предизвикани од корона вирусот. Ова не е првпат поради ова да заврши во болница.
Пејачот пред две години бил лекуван во загрепската Специјална болница за белодробни заболувања, каде закрепнувал од тешката белодробна инфекција.
Да потсетиме, пред само неколку дена Ковач го објави видеото за песната „Чувајте ми ја песната“, од албумот „Биди човек со добра волја“ од 1999 година.