Анкета: Ерик Земур пласиран во вториот круг на претседателските избори во Франција

Контроверзниот новинар Ерик Земур, според уште една анкета на јавното мислење, иако не се декларирал како претседателски кандидат, повторно испитаниците го ставија во вториот круг на претседателските избори во 2022 година, јави дописникот на МИА.

Вторпат анкета ја поддржува оваа хипотеза. Според новата студија, спроведена за Ле Монд, Фондацијата Жан Жорес и Политички науки, доколку Ксавиер Бертран (именуван во анкетата на Журнал ди диманш, како десничарска политичка фигура најдобро пласирана за да ги победи своите противници) ако биде номиниран како кандидат на партијата на Ле Републиканците, Марин Ле Пен (РН) ја има довербата на 15 отсто од намерите на гласачите. Ова е за еден поен пониска од полемичарот Ерик Земур, кој се уште официјално не се изјаснил за кандидат (16 отсто). Далеку пред нив, претседателот во заминување Емануел Макрон би достигнал дури 24 отсто.

Новата анкета покажува дека засега ниту еден од левичарските кандидати нема да ја достигне границата од 10 отсто доколку Ерик Земур се кандидира. Со девет отсто, екологот Јаник Жадо би бил најдобро рангиран. Потоа следуваат Жан-Лук Меленшон (осум отсто), Ан Идалго (пет отсто), Фабиен Русел (два отсто) и Арно Монтебур (два отсто).

Оваа анкета беше спроведена од 7 до 13 октомври, користејќи го методот на квота, со примерок од 16.228 лица регистрирани на избирачките списоци и интервјуирани преку Интернет.

Треба да знаете
Последни објави