Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти објави дека нема да игра на завршниот ВТА турнир во Гвадалахара, Мексико.
Актуелната шампионка се врати во Австралија по УС Опен и оттогаш не заигра на ниту еден меч.
– Тоа беше тешка одлука, но морам да го ставам телото и закрепнувањето на прво место по сезоната 2021 година. Сега е многу тешко да се вратиш во Квинсленд, потребен е карантин и не сум подготвена да ризикувам околу подготовките за Австралија Опен, изјави Барти.
Завршниот турнир ќе се одржи од 10 до 17 ноември.