Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива за гласањето на избирачкото место 0543 во Дебар. Тоа значи дека се поништуваат резулатите од гласањето за градоначалник и за советници во тоа место. На 31 октомври во Дебар ќе нема втор круг гласање, туку ќе се прегласува во споменатото избирачко место.
Во првиот круг, кандидатот на Алијанса-Алтернатива во Дебар, Беким Поцеста освои 285 гласови повеќе од ривалот Хекуран Дука од ДУИ.
Во ова избирачко место има запишано 697 гласачи. Во првиот круг гласале 468 лица. Поцеста добил 271 глас, додека Дука 195. На трето место бил кандидатот на ДПА, Петрит Клења. Тој добил само 2 гласа.
Оваа одлука за следува откако албанската опозициска коалиција поднесе жалба за изборниот процес од повеќе причини. Меѓу другото, Записникот не бил потпишан од повеќето членови на Избирачкиот совет, не биле наведени причините за тоа, немало потпис ниту од Општинската изборна комисија, а и со процесот во ова избирачко место преседавал претседател кој претходно бил разрешен од општинската изборна комисија.