Барселона уште еднаш ги разочара своите навивачи затоа што беа поразени на домашен терен од лутиот ривал Реал Мадрид (1:2) во големото дерби. Во „Ел Класико“ ова е веќе трет пораз за тренерот на Барселона Роналд Куман, во дуелите проитв Реал Мадрид.
Холанѓанецот доби жестоки критики по поразот, а навиваччите од него бараат да ја напушти Барселона, па дури по дербито го нападнаа неговиот автомобил.
По нападот од страна на нервозните навивачи на Барселона, се јави и екипата со соопштение и порача дека навивачите не смеат така да се однесуваат, а исто така ќе преземат безбедносни и дисциплински мерки за да не се случи такво нешто повторно.
-Барселона јавно го осудува насилството кое нашиот тренер го доживеа кога го напушташе стадионот. Клубот ќе ги преземе потребните мерки за да не се повторат немилите настани, соопштија од Барселона.