Палестинскиот претседател Махмуд Абас го повика американскиот претседател Џо Бајден повторно да го отвори американскиот конзулат во окупираниот Источен Ерусалим.
Обраќајќи се на состанокот со палестинските власти во Рамала на Западниот Брег, Абас побара САД да ја прекинат финансиската блокада на Палестина и повторно да се отвори канцеларијата на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон, јави Анадолија.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, Абас ја повикал администрацијата на Бајден да го отвори американскиот конзулат во Источен Ерусалим.
Абас додаде дека средбата со палестинските претставници ќе стави крај на поделбата со цел формирање Влада на национално единство базирана на меѓународен легитимитет, која ќе работи на обновата на Газа, укинување на израелската блокада воведена во 2006 година и повторно обединување на двете страни на Палестина.
Извршниот комитет на ПЛО одлучи состанокот на Главниот одбор на оваа организација да се одржи најдоцна во јануари.
На состанокот е одлучено да се испратат писма до светските лидери и меѓународните институции со цел да се преземат неопходните мерки за запирање на израелските напади и нелегитимното населување на Палестинците.
Нагласена е и потребата од зајакнување на националното единство со цел да се води широк национален отпор против израелската окупација.