Рускиот претседател Владимир Путин нареди Русите кои се вакцинирани против Ковид-19 да добијат дополнителни два дена одмор, објавено е на веб-страницата на Кремљ.
За тие слободни денови нема да им се намалува платата, пренесува РИА Новости.
На вработените постари од 60 години и оние со хронични заболувања им се препорачува да работат онлајн берем еден месец со цел да се вакцинираат и стекнат имунитет.
Покрај тоа, Путин нареди владата да ги зголеми опсегот на тестирање на граѓаните за коронавирус, како и стапката на вакцинација.
Владата, исто така, има задача да купи и доставува до регионите лекови потребни за третман на ковид-пациентите.