Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска престојува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати по повод учеството на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи во чии рамки денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања”.
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска ќе учествува на панел дискусијата „Визии и патувања” во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020. Обраќањето може да го проследите на следниот линк: https://virtualexpodubai.com/listen-watch/events/vision-and-journey-prof-dr-elizabeta-georgievska-first-lady-of-north
Сопругата на претседателот, оствари средба со Охуд Калфан Ал Руми, државен министер за владин развој и иновации на Обединетите Арапски Емирати, а во придужба на Худа ал Хашими, генерален директор за стратегии и иновации во Канцеларијата на премиерот на Обединетите Арапски Емирати и Шамса Салех, генерален секретар на Советот за родова еднаквост на Обединетите Арапски Емирати ги посети Кулите Емирати. Ѓоргиевска во Дубаи ги посети и музеите Етихад и Ал Шиндага.
На маргините на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, Ѓоргиевска во Дубаи ќе оствари средби и со Омар Султан Ал Олама, државен министер за вештачка интелигенција, како и со Риим Ал Хашими, министерка за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати и главен директор на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи.