Во Хамбург во пукање, загинале неколку луѓе. Билд пишува дека најмалку седум се мртви.
Според првичните информации седум лица се тешко повредени, а 18 се здобиле со полесни повреди.
Traurig 😢#Hamburg pic.twitter.com/QRC6EFd46J
— darkrose (@darknightrosi) March 9, 2023
Некои германски медиуми објавија дека пукањето се случило во центарот на Јеховините сведоци.
Полицијата на Твитер објави дека е во тек голема операција во областа Алстердорф.
Жителите кои живеат во близина се предупредени да ги напуштат своите домови поради тековната акција, пишува Дојче веле.