Кампањата Вдоми куче, вдоми љубов добива нова димензија.
По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од денес и во Обединетото Кралство.
„Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, а заедно и со поддршка на хумани граѓани и огранизации нашата мисија стана реалност. Првите кучиња од прифатилиштето на ЈП Лајка денеска пристигнаа во своите нови домови во Обединетото Кралство. Им посакуваме многу среќа и убави мигови со новите семејства“, велат од ЈП Лајка.
Претпријатието упати благодарност до сите вдомувачи, админи, поддржувачи, активисти, организации, фостери, на Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарниот тим и професионалниот транспорт.