Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека не гледа причина да увезува вакцини против коронавирус од западните земји, бидејќи кинеските и руските кои се користат во неговата земја се подобри.
Тој додаде дека Белорусија, покрај тоа, веќе произведува вакцини со помош на руска технологија и дека во иднина ќе се појави белоруски лек против Ковид-19, пренесуваат руските агенции.
Во Белорусија се користи кинеската вакцина на „Синофарм“, како и руските „спутник В“ и „спутник лајт“.
Како што беше претходно најавено, експерти од Белорусија до крајот на годинава ќе добијат пробни дози од вакцината развиена во таа земја, а првите комерцијални дози се најавени за следната година.
Според податоците на Министерството за здравство, прва доза од вакцината досега примиле повеќе од 2,7 милиони Белоруси, а повеќе од 2,02 милиони од вкупно 9,35 милиони жители се целосно имунизирани.