Иранските бензински пумпи биле цел на кибернапад, јави денеска државната телевизија ИРИБ.
Претходно во текот на денот имаше информации дека бензинските пумпи низ целата исламска Република биле нападнати од хакери, а хакираните компјутерски системи го покажувале само прашањето „Каде е гасот?” упатено до иранскиот врховен лидер.
– Нарушувањата во системот за полнење гориво на бензинските пумпи во изминатите неколку часа беа предизвикани од кибернапад. Техничките експерти го решаваат проблемот и процесот на полнење гориво наскоро ќе се нормализира, информира телевизијата.
Нападите доаѓаат речиси две години по големите протести што ја зафатија земјата поради големиот пораст на цените на горивото.