Телескопот „Евклид“ подготвен за испраќање во Вселената

Вселенскиот телескоп „Евклид“ на Европската вселенска агенција (ЕСА), сѐ уште е во стерилна просторија во Кан, Франција, па според предвиденото, за неколку месеци ќе оди во Вселената, заради обид да се расветлат двете големи мистерии – темната материја и темната енергија.

Тие два теоретски и невидливи елементи сочинуваат 95 отсто од универзумот, претпоставува науката, но речиси ништо не се знае за нивната точна природа. Раководителот на мисијата Џузепе Рача го опишува недостатокот на знаење за ова како „космичка непријатност“. Се верува дека темната материја објаснува зошто, меѓу другото, галаксиите не се распрснуваат во ѕвездени јата…

Што се однесува до темната енергија – идните научни сознанија се неопходни за да се објасни забрзаното ширење на универзумот.

Во обид „да се отстрани превезот“ од овие мистерии, мисијата на ЕСА ќе создаде тридимензионална мапа на универзумот, којашто ќе вклучува две милијарди галаксии. Но, само третина од сѐ тоа е видливо за луѓето. Научниците велат дека третата димензија на мапата ќе биде времето. На некој начин, „Евклид“ ќе нурне и во далечното минато на универзумот, којшто е создаден пред 13,8 милијарди години.  

Треба да знаете
Последни објави