Денеска пратеничката Славјанка Петровска од редовите СДСМ одржа прес-конференција. Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на Петровска:
„Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение”.
Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ.
Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.
Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка.
Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година.
Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието.
Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.
Почитувани граѓани,
Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема.
Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.
Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.
Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.
Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет.
Почитувани граѓани,
Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”.