Американските конгресмени се противат на продажбата на авиони „Ф-16″ на Турција

Демократски и републикански пратеници во Конгресот на САД ја повикаа администрацијата на претседателот Џо Бајден да не и продава борбени авиони „Ф-16″ на Турција, соопштувајќи му убеденост дека Конгресот ќе го блокира секој таков извоз.

Во писмото до Бајден и американскиот државен секретар Антони Блинкен, 11 членови на Претставничкиот дом изразија „длабока загриженост” поради најновите наводи дека Турција ќе нарача 40 нови авиони „Ф-16″ и 80 комплети за модернизирање на постојните авиони од истиот тип .

Британските медиуми наведуваат дека претседателот Бајден писмото го добил вчера, а било со датум од 25 октомври.

„По најавата на претседателот Ердоган во септември дека Турција ќе нареди дополнителна транша од руските ракетни одбранбени системи С-400, ние не можеме да си дозволиме да ја загрозиме сопствената национална безбедност со испраќање авиони од американско производство на сојузник на пактот, кој продолжува да дејствува како противник”, се наведува во писмото на конгресмените.

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека овој оддел не ја коментира кореспонденцијата со Конгресот, во одговор на барањето за реакција од британските медиуми.

Ердоган, претходно овој месец, соопшти дека САД и понудиле на Турција продажба на ловците „Ф-16″ како форма на враќање за инвестицијата на Анкара во понапредните авиони „Ф-35″, што  Вашингтон ја блокираше откако Анкара купи руски системи С-400.

Треба да знаете
Последни објави