Екстремистичката вооружена група Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во кој загина гувернерот на авганистанската провинција Балх, Дауд Музмал и уште две лица во неговата канцеларија.
Регионалниот огранок на ИД во провинцијата Хорасан е најголемиот ривал на талибанците и го зголеми интензитетот на нивните напади откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година.
Уште четири лица се повредени во експлозијата во канцеларијата на гувернерот во Мазар-е-Шариф, соопшти локалната полиција.
Одговорноста за нападот синоќа ја презеде ИД, наведувајќи дека напаѓачот е Абдул Хак ал-Корашани.
Музмал е еден од највисоките талибански функционери кој е убиен откако ја презедоа власта во средината на август 2021 година. ј