Бугарската лична карта на Арсовска е валидна, во лажните вести со кои сака да демантира е користен погрешен број

Бугарската лична карта на кандидатката за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска е валидна, покажуваат проверките на сајтот на бугарското МВР. Сепак, одредени бугарски и македонски медиуми пренесоа вест дека тоа не е точно, меѓутоа во нивната проверка тие користат погрешен број на документ.

Бугарскиот портал „24 часа“ објави дека податоците на Данела Арсовска не фигурираат во системот на бугарското МВР, но на сликата која ја користат како доказ се забележува дека бројот на личниот документ кој тие го проверуваат има една цифра повеќе од личната карта на Арсовска, која денес беше објавена на прес-конференцијата на СДСМ.

Ваквата вест ја пренесоа одредени про-опозициски портали, во обид да ги демантираат официјалните документи со кои се потврдува дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има бугарско државјанство.

Од СДСМ ја повикаа Арсовска да се повлече од трката за градоначалник на Град Скопје, бидејќи криењето на нејзиното двојно државјанство претставува манипулација на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави