Кондовски: Имаме зелена агенда, на еден метар градба, еден метар зеленило, болницата и други институции ќе бидат гасифицирани

Ќе работам на ефикасноста на општината со забрзана динамика, односно општината да одговара на време на барањата на граѓаните и да биде нивен сервис, кажа кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски во дебатата на Телма телевизија.

Тој додаде дека ќе работи најмногу на инфраструктурата и даноците на битолчани ќе бидат инвестирани во капитал, кој ќе создава додадена вредност и досега недостасувал менаџер кој има сила тоа да го сработи.

-Мојот порив за влез во политиката е гасификацијата на Битола. За четири години оние 2,8 километри за кои има проект ќе се реализираат, за десет километри дополнително ќе се направи проект и ќе се завршат. Првите објекти ќе вклучени за четири години, кажа Кондовски.

Тој додаде дека во однос на топлификацијата, за четири години ќе се приклучат болниците, СВР Битола и други институции.

-Гасификација и топлификацијата се приоритет во наредните четири години и ќе се заврши 12 километри долгата гасоводна мрежа. 35 објекти и мрежа од 12,8 километри, што се однесува до топлификацијата, ќе бидат приклучени и реализирани. Инвестициите се по милион евра, кои се обврска на Општина Битола, истакна Кондовски.

Тој уверува дека знае како да менаџира со градот и дека се што било под тепих и желба на битолчани знае како да го реализира.

-Треба да се работи на креирање и на ГУП, како и ДУП-ови што го заложуваат севкупниот развој, а ќе работам и на зелената агенда. Не е прашање дали да се гради туку како да се гради, за еден метар бетон, ќе има еден метар зеленило. Како економист со сериозни намери имам планирано рокови, буџети и локации каде треба да се реализираат проектите, рече Кондовски.

Треба да знаете
Последни објави