Сасуоло во 95.минута го шокираше Јуве во Торино

Јувентус повторно одигра разочарувачки меч и по поразот од 1:2 против Сасуоло вечерва веќе станува јасно дека ќе биде прекината една убава серија.

Маисмилијано Алегри не успева да победува во серија во Серија А со Старата дама и веќе е извесно дека за првпат како кормилар на „црно-белите“ од Торино нема да го освои Скудетото.

Вечерва Јувентус дури и претрпе пораз и тоа со гол примен во 95. минута, а стрелец беше Максим Лопес и тој гол можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно Давиде Фратези погоди за предност на Саусоло од 0:1 во 44. минута. Голот на Фратези можете да го погледнете ОВДЕ.

Израмни Вили Мекени во 76. минута и неговиот погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Јувентус по 10 кола има 15 бода на шесттото место и е во минус од 13 бодови во однос на лидерот Милан, а и Наполи има шанса со победа да има 28 бода на врвот на табелата.

Алегри се врати сезонава во Јувентус, откако претходно од 2014 до 2019 година го предводеше најтрофејниот италијански клуб до сите пет Скудета во тој период.

Популарниот Макс како тренер има и најдобар процент од 70.8 посто победи во историјата на Старата дама.

Во останатите два меча што се играа вечерва од 18.30 часот Удинезе и Верона ремизираа 1:1, а Аталанта ја победи Сампдорија со 3:1 на гостински терен.

Треба да знаете
Последни објави