„Независната“ кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска залудно негира дека има бугарско државјанство, особено откако беше објавена и нејзината лична карта, која е со адреса во Петрич, во околината на Благоевград.
Дури и софискиот весник „24 часа“ несмасно се обиде да ја заштити, па објави дека бројот на бугарската лична карта не постои во системот на МВР во Софија, но весникот при проверката на податоците користел погрешен број, па испадна дека манипулира во заштита на Данела, исто како што направи новинарот Геровски во Скопје и побрза прв да ја одбрани кандидатката на ВМРО ДПМНЕ следејќи го „24 часа“, па за половина час се предомисли и објави дека личната карта на Данела Арсовска сепак е валидна. Геровски го следеа и многу вмровски портали сметајќи дека ја решиле енигмата и дека СДСМ лаже за бугарската лична карта на Арсовска, ама на крајот и они мораа да ги повлекуваат вестите, со што само ја „дозакопаа“ кандидатката за Скопје.
Соочена со реалноста и лагите кои ги пласира во јавноста, Арсовска, во неуспешната стратегија за лична одбрана користи аргумент дека на личната карта стоело името Даниела, а тоа не било нејзиното име затоа што она била Данела. Кога Даниела стана Данела? Со години целата јавност ја знае како Даниела Арсовска. Нејзините интервјуа и јавни настапи по медиумите отсекогаш биле потпишани со името Даниела, и никогаш никој не се посемневал дека таа всушност имала друго име од она што граѓаните го знаат. За волја на вистината таа никогаш не демантирала новинари кои упорно ја потпишуваа како Даниела. Постојат многу новинарски текстови и наслови во кои таа е именувана како Даниела Арсовска. Ама сега, кога се појави нејзината бугарска лична карта таа одеднаш не е повеќе Даниела. Но, таа заборава дека фотографијата од личната карта е со нејзиниот лик. Колку и да повторува во јавноста дека не она на бугарската лична карта, туку е некоја друга Даниела, тогаш како нејзината фотографија се нашла на туѓа лична карта?
Во изјавата, по објавениот скандал за бугарско државјанство, Арсовска вели дека името и било погрешно напишано во некој алманах и од таму тргнало сето ова. Но таа намерно како да пропушта да објасни како тоа цела деценија медиумите во Северна Македонија ја именуваа со Даниела. Зарем и новинарите десет години правеле грешка со нејзиното име, а таа н икогаш не им се спротивставила. Аргументите кои ги нуди дека учела во Скопје и дека била родена во Скопје воопшто не се релевантни за некој да има или да нема бугарска лична карта, па затоа нејзината одбрана е на стаклени нозе.
Ако се проверат архивите на медиумите постојано излегува името Даниела, и никогаш Данела. За нејзиното вистинско име јавноста дозна пред еден месец кога ДИК ја официјализираше нејзината кандидатура. Како и да е, ако во бугарската лична карта името и погрешно, како што тврди, тогаш фотографијата сигурно не е, па затоа им должи одговор на граѓаните, пред се на скопјани, како нејзиниот лик се нашол на личната карта.