Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен од гостувањето во Менхенгладбах на куп -натпреварот со Борусија е испратен со пет гола во мрежата (5:0). Баерн кој на овој натпревар беше предводен од помошниот тренер Дино Томпмелер, бидејќи Јулијан Нагелсман е во изолација поради позитивен тест на коронавирус изгледаше очајно и го претрпе најтешкиот пораз во последните 43 години.
По натпреварот за медиумите говореше Томас Милер, легедендата на клубот кој вели дека противникот целосно ги надиграл, а ваков Баерн Минхен никогаш нема видено.
-Не прегазија. Никогаш порано не сум видел ништо слични откако го носам дресот на Баерн Минхен. Им се извинувам на навивачите ова е срам за нас. По натпреварот седевме во соблекувалната и се погледнавме меѓусебно. Имавме испланирано цел план за игра, но не успеа, изјави Милер.