Здружението на децата бегалци и оддаде почит на Тина Поповска

Во чест на одбележувањето на 37 години од формирањето на Здружението на децата бегалци – Скопје, а по повод смртта на Тина Поповска, денеска во паркот „Жена борец” и беше оддадена почит. Поповска, која почина пред две недели, е мајката со дечињата на сликата на споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец”.

-Ја користиме секоја прилика да го одбележиме егздоусот на децата бегалци, а и воопшто да го одбележиме страдањето на луѓето од Егејска Македонија кои во текот на Граѓанската војна во Грција или загинаа, или беа принудени да се иселат и никогаш не можеле да се вратат на своите родни огништа,  изјави Григори Поповски од Здружението.

Тој потсети дека Тина Поповска беше претставник на сите мајки, учителки, воспитувачки кои, како што рече, низ повеќе земји во светот ги негуваа нашите деца Македонци и ја оддржуваа нивната македонска свест и македонскиот јазик. Тина Поповска беше почесен член на Здружение на децата бегалци. Завршила соодветно образование во Полска, била учителка на македонските деца, воспитувачка и педагог. За својата значајна дејност беше одликувана со две највисоки државни полски одликувања.

Во пресрет на вториот круг од локалните избори, од Републичкото Здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т га за југ” апелираат граѓаните да го поддржат кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ и коалицијата Петре Шилегов. Посочуваат дека Шилегов е нивен член, по татко има потекло од Егејскиот дел на Македонија и поради долгогодишната поддршка и финансирање на проекти. Поддршката, како што додаваат, е лична и добиваат поддршка од него како градоначалник и од Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави