Експертската група во Министерството за здравство на Хрвстака, покрај зголемувањето на капацитетот за тестирање, договорила и нов режим за болниците. Со новиот режим, кој се воведува поради влошувањето на епидемиолошката состојба, сите поголеми болници во Загреб стануваат ковид-центри, пренесуваат хрватските медиуми.
Ова се должи на големиот пораст на заболените од коронавирусот во Хрватска која вчера евидентиора 4.571 нов случај на новозаразен, 1.207 хоспитализирани, од кои 153 пациенти на респиратор, а има и 26 починати.
Зголемувањето на капацитетите на болниците мора целосно да се реализира најдоцна до понеделник.
Договорен е и диспечер во Итната помош во Загреб, кој ќе ги следи сместувачките капацитети 24 часа на ден, и кога станува збор за Унифициран итен медицински прием (ОХБП) и кога станува збор за хоспитализираните. Договорено е и болниците да ја пријават состојбата во 8, 14, 19 и 24 часот. На средбата се разговарало и за амбулантите сза ковид-пациентите, кои исто така треба поинтензивно да се користат низ државата.
Градот Загреб вчера ги мобилизираше клиниките за ковид како дополнителни места каде граѓаните може да се тестираат. Во Загреб вчера секој втор тестиран бил позитивен.