Даути: Не сум кажал дека ЈО влијае, туку дека Бурим тврди дека е договорен со судот

Адвокатот Мерџан Даути, бранител на обвинети во слуајот со уривањето на „Космос“, познат како ТНТ со контра демант го демантираше Јавното обвинителство, кое пред денешното судење демантира дека обвинителот Бурим Рустеми нудел нагодба за еден од обвинетите дека ќе среди со судот да добие најниска казна, односно условна казна ако го признае делото, како што вчера обвини адвокатот.

Според Даути, тој ја одбил понудата на обвинителот за неговиот клиент, по што следеле закани од Рустеми дека ќе бара да не биде прифатен ниту еден доказ бидејќи неможел да дозволи постапката сеуште да трае и морало да заврши до крајот на 2021 година и дека предлог на обвинителството во целост ќе биде прифатен од судот.

-Институцијата Јавно Обвинителство неможе да знае за постапките на Бурим Рустеми и јас никогаш не сум кажал дека Обвинителството влијае, туку дека Бурим тврди дека е договорен со судот. Предметот никогаш не бил во фаза на завршни зборови, а тоа лесно може да се провери од записниците од судските рочишта. Причината зошто судењето почнало одново не е по вина на одбраната и кога судењето почнува одново мора да се почитуваат одредбите од ЗКП. Крајно тенденциозно е тврдењето дека на судењата Јас не зборувам на Албански јазик, што е тотална невистина и тоа може лесно да се утврди преку тонските снимки од самите рочишта. Одговорно тврдам дека ниту еден доказ, ниту записник не ми е даден на Албански јазик, за што има потврда од Судскиот совет, кој констатира прекршување на законот за употреба на јазиците, вели Даути.

Тој апелираше до Јавното обвинителство доколку обезбедило превод на доказите истите да му ги достави и доколку сакаат да ја потврдат својата теза нека ги презентираат преведени до целокупната Македонска јавност.

-Јас не барам одолговлекување на судската постапката, туку почитување на ЗКП, дополни Даути.

 

 

Треба да знаете
Последни објави