На 27.10.2021 во 07.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом во Скопје на ул.„Гвадалахара” имало починато бебе.
Полициски службеници од Полициското одделение излегле на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.
Ова е втор ваков случај за кусо време во Шуто Оризари.
На 10.10.2021 било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе на возраст од околу еден месец. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.