Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала следното лето може да ја напушти Рома за само 12 милиони евра, но само ако екипата од Рим не избори место во Лигата на шампиони (ЛШ).
Дибала минатото лето ги засили Римјаните целосно бесплатно, а во моментов е еден од најдобрите играчи на екипата. Сепак, во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.
Рома во моментов се бори за место во ЛШ, иако имаат голема конкуренција и ги чека жестока битка до крајот на сезоната, а доколку не се пласира во топ-4, тогаш Дибала ќе си замине.
Неколку тимови од англиската Премиерлига го следат Дибала, а најзаинтересиран за неговите услуги е Манчестер јунајтед, кој без проблеми ќе исплати 12 милиони евра.
Аргентинецот вчера по победата над Реал Сосиедад изјави дека не сака да коментира за гласините за трансфер во Јунајтед, туку дека се фокусира само на тоа како ќе го одигра секој следен натпревар.
Аргентинскиот напаѓач е најдобриот стрелец на Рома оваа сезона, со 12 гола во 25 настапи во сите натпреварувања. Тој се приклучи на „волчицата“ како слободен агент во летото 2021 година. За време на неговото последно интервју за Марка, тој потврди дека Жозе Мурињо го убедил да потпише за тимот од Серија А по завршувањето на неговиот договор со Јувентус.