Тренерот на шпанскиот фудбалски Ла лигаш Леванте, Хавиер Переира, во чии редови настапува и македонскиот репрезентативењц Енис Барди не го криеше задоволството од ремито на неговиот тим во 11. коло против актуелниот првак Атлетико Мадрид (2:2) пред своите навивачи. На овој натпревар успешено враќање во тимот по речиси двомесечна пауза поради повреда имаше македонскиот репрезентативец Барди со два погодока од пенал по што на крајот од средбата беше прогласен за играч на мечот.
-Очигледно е колку Барди ни недостасуваше изминатиов период, затоа што тој е фудбалер кој е над нормалното ниво на тимот. Тој е играч кој секогаш демонстрира нешто ново на теренот и од кого се учи.Тој е вистински карактер и на терен и надвор од него. Играч кој гледа додавање и таму каде што никој не го гледа, одличен шутер и од слободен удар и од пенал. И сега бев многу смирен кога двапати тргна кон белата точка. Има голема самодоверба и онака одважно на маестрален начин двапати совлада голман каков што е Облак. Јасно се виде колку Барди е важен за Леванте, изјави по мечот тренерот Переира.