Османи: Имаме јасна понуда в недела – Теута Арифи во Тетово, Шилегов во Скопје

ДУИ првиот круг од локалните избори го оцени како еден од најуспешните избори досега за партијата, со освоените гласови и наметнувањето на зелената агенда, а очекува успех и во вториот круг во Тетово, Гостивар и во општините каде имаат кандидати за градоначалници. За Скопје поддршка даваат на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат на СДСМ и Коалицијата, Петре Шилегов.

– За нас од ДУИ ова се едни од најуспешните избори до сега. И тука не говорам за постигнатиот резултат од првиот круг со над 120.000 гласови и неколку освоени градоначалнички места, туку за успехот на партијата да наметне една нова политичка мисла, целосно нова понуда која е многу важна и за развојот и за општините и за развојот на целата држава. Покрај резултатот ние сме горди што зелената агенда се наметна како задолжителен политички наратив во целото општество, процес којшто велеува во една структурирана предвидлива фаза од која нема враќање назад. Напротив со успехот кој го очекуваме и во вториот круг, зелената агенда станува обврска и за претставниците на локалната власт, а посредно и за Владата и сите други институции и општествени чинители, рече на денешната прес-конференција портпаролот на партијата Бујар Османи.

Тој изрази задоволство што имале, како што вели, широка информативна и компетитивна кампања во која граѓаните добиле вистинска слика за сите понуди, а самата кампања била фер со еднаква можност секој да претстави својата понуда.  Граѓаните, рече тој, имаат можност да донесат информирана одлука и треба да знаат дека во недела имаат избор околу една јасна понуда и концепција од една стрна и сеуште несфатлива коалиција со нејасна идеолошка и политичка цел.

– Ние и нашата широка коалиција имаме јасна понуда  – Теута Арифи во Тетово во чија програма се наоѓаат најзначајните проекти од зелената агенда, од пречистителните станици, гасификацијата на градот, па се до реализација на Коридорот 8. Во иста насока е изборот на Невзет Бејта за Гостивар, вреден работлив и успешен кандидат кој не само ќе обезбеди нова перспектива  за Гостивар, туку и ќе претставува еден вид гарант во сите инвестиции во полошкиот реигон, вели Османи, додавајќи дека тоа се однесува и на сите нивни кандидати – во Чаир, Арачиново, Желино, Кичево, Дебар, Струга, Врапчиште, Теарце и Чашка……

Тој порача дека за секој кандидат на ДУИ стои обврската наметната токму од зелената агенда и обврска преземена пред граѓаните на овие избори. Тоа е добар избор кој не само што обезбедува гаранција за зеланта агенда во нашите општини, туку, како што нагласи, и гаранција за нејзино наметнување длабоко во сите општствени текови.

Со непомала важност, според Османи, е и изборот за градоначалник во главниот град, изразувајќи поддршка за актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

– Скопје е главен град на целата држава и град кој е важен за сите негови граѓани. Петре Шилегов го покажа токму тоа, дека Скопје може да биде град на сите негови граѓани. Изминативе четири години видовме што значи рамноправен развој на градот без разлика дали во одредени региони живеат Албанци или Македонци, дали живеат Турци, Роми, Бошњаци, Срби или Власи. Скопје станува град на сите, град за сите и тоа треба да го зачуваме. Тоа е важно за нас скопјани, но тоа е важно и за севкупниот мултикултурен амбиент на државата, истакна Османи на прес-конференцијата одржана на последниот ден од изборната кампања пред гласањето в недела.

На новинарско прашање околу успешноста на локалната власт во Тетово, Османи оцени дека има многу предрасуди и погрешна перцепција, нагласувајќи дека работите во еден град кој се развива никогаш не завршуваат, а тој развој мора да го следи нова инфраструктура.

– Во Тетово овие осум години се направени големи проекти. Во Тетово денеска не се зборува за потреба од водоводи и канализација, туку главните маки на граѓанте се техничките проблеми во новоизградениот водовод и канализација. Тетово и Тетуа Арифи се гаранција за една европски модерени развиен град. За разлика од опицијата која што се нуди за поделби и за враќање назад и за нејасна позиција во однос на развојот на градот. Мислам дека граѓаните го направија овој избор во првиот круг. Теута Арифи излезе победник во првиот круг од Локланите избори и со тоа мнозинството граѓани покажаа дека веруваат во работата што ја има реализирано и и даваат поддршка за уште еден мандат, за да се комплетира развојот на еден модерен европски град којшто е дел од зелената агенда, изјави Османи

Во однос на коалицијата на Алијанста за Албанцита и ВМРО-ДПМНЕ, Османи оцени дека станува збор за една и идеолошки и политички сосема нејасна коалиција, која што е непринципиелна, која што се засновува на чист политички опортунизам и прагматизам , без јасен став по однос на иднината на државата.

– Коалиција во која што нема договор по однос на главните стратешки насоки на државата. Таму нема усогласеност по однос на Преспанскиот Договор, таму нема согласност по однос на употребата на албанскиот јазик како службен јазик.Таму нема никаква усогласеност по однос и на централните и на локалните политики. Понудата е сосема нестабилна која што може на државата да и донесе само хаос, непредвидливот и победелби, порача Османи.

Треба да знаете
Последни објави