Почувствуван уште еден земјотрес во Дебарско

Уште еден земјотрес е почувствуван денеска во 12 часот и 23 минути во западниот дел на земјава. Епицентарот бил во Албанија, 100 километри југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а е почувствуван од населението во западните делови од земјава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Серија земјотреси со епицентар во Дебарско беа почувстувани изутрината по осум часот. Земјотресите беа со магнитуда до 4.4 степени по Рихтер и интензитет меѓу III и IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Треба да знаете
Последни објави