Заев: Излезете в недела и гласајте, потврдете дека нашите општини и нашата таковина продолжуваат напред

„Почитувани,
Недела 31 октомври е важен ден.
Пред нас е вториот круг од локалните избори од чиј исход зависи во кој правец ќе ни се движат општините и каква ќе биде нашата иднина.
Во недела носиме одлука, дали да продолжиме напред по патот на напредокот или ќе се враќаме назад во мрачното минато на несигурност и неизвесност.
Во оваа кампања помеѓу двата круга јасно видовме кои се концептите.
Едниот е нашиот, концепт на инвестиции во локални проекти, на поголеми плати и пензии, на грижа за сите.
Другиот концепт е оној на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ, сега и официјално поддржана од Левица.
Концепт кој носи поделби, омраза, меѓуетнички тензии и пљачкање на народните пари.
На едната страна ние, обединети прогресивни и демократски сили, подготвени да водат напред, на другата страна стари режимски кадри кои сакаат да ги вратат државата и општините назад.
Видовме на што се спремни луѓето кои сакаат да го вратат режимот. Уште првиот ден по изборите видовме закани, насилство и омраза.
Видовме како ги лажат граѓаните.
Тоа не смее и нема да биде наше секојдневие.
Затоа е потребно обединување. Секој поединец мора да даде свој придонес во одлуката да продолжиме напред со развиени општини, со стабилна држава, со еднакво општество за сите.
Почитувани граѓани,
Во недела кога сте сами зад параваните на гласачките места донесете ја најдобрата одлука за вас, за вашето семејство, за вашата општина, за вашата држава.
Изберете го концептот кој гарантира повисоки плати и пензии, нови инвестиции, кој гарантира стабилност и подобар економски стандард за сите.
Заокружете го бројот 12! Потврдете дека нашите општини, нашата заедничка татковина продолжуваат по исправниот пат.
Во недела да гласаме за број 12, да гласаме за СДСМ и Коалицијата”.
Треба да знаете
Последни објави