Поткуп во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, паника од поразот што ги чека

Изјава за медиуми, Соња Стаменкова, кандидатка за градоначалничка на општина Македонска Каменица

 

Почитувани граѓани,
 
Режимската ВМРО-ДПМНЕ е во паника.
Сакаат да го ублажат поразот во Македонска Каменица во вториот круг на нивни начин, со поткоп.
Денеска, точно во штабот на ВМРО-ДПМНЕ зад мене на наши сограѓани им се делеле пари, поткуп, до 1.000 денари за да гласаат за кандидатот на ВМОР-ДПМНЕ.
Случајот е пријавен лично од нашиот совесен сограѓанин во полиција и надлежните институции работата на целосно расчистување.
Одговорност за овој случај ќе има, тоа е јасно.
Ќе загубат во Македонска Каменица нечесните кои го потценуваат народот и ќе одговараат.
Граѓаните на Македонска Каменица се горди и чесни, си ја сакаат својата општина, својот град, ја сакаат слободата и не се онакви какви што сака ВМРО-ДПМНЕ.
Апелирам до губитниците од ВМРO-ДПМНЕ да престанат да го понижуваат народот, од поразот нема бегање.
Почитувани граѓани,
Во недела да се обединиме и масовно да излеземе, да осигураме дека Македонска Каменица ќе биде слободна и ќе продолжи напред.

Треба да знаете
Последни објави