Кандидатот за градоначалник, Стевче Митревски ги повика граѓаните масовно да излезат в недела, да ја заокружат победата, по водството од првиот изборен круг.
Драги сограѓани, соседи, роднини и пријатели, Недела е важен ден за Демир Хисар, важен за сите нас, да продолжи напредокот на нашиот роден крај. Во недела е важно да гласаме, заедно да ја заокружиме победата. Очекувам дека ќе ја потврдиме предноста од првиот круг, но и дополнително ќе ја зголемиме разликата. Имам јасен план за понатамошен развој на нашиот убав Демир Хисар.
Вие почитувани граѓани правите разлика помеѓу мојата и понудата на мојот противкандидат.
Знаете дека проектите во мојата програма се остварливи и реални и дека ќе го унапредат квалитетот на живот во сите населени места. Таквата разлика треба да се потврди и на денот на гласање.Затоа в недела да излеземе масовно, да го искористиме своето право на глас, да заокружиме број 12. Да гласаме за број 12 за да продолжи напредокот на Демир Хисар!