Поткуп од 1.500 денари за глас на изборите во Кочани

Во полицијата во Кочани е пријавен случај во кој лице давало поткуп од 1500 денари за глас за вториот круг на локалните избори за градоначалник.

Случајот го потврдија од Секторот за внатрешни работи во Штип, при што се истакнува дека во ОВР- Кочани било пријавено дека 53-годишниот Д.С. од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат за кандидат за градоначалник. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица, а денеска Д.С. е повикан на информативен разговор во полицијата.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Основно јавно обвинителство во Кочани.

Треба да знаете
Последни објави